Search

Шкупи од Баку е подготвен да испрати пријатни вести

Македонскиот фудбалски претставник во квалифиакциите од второто по ранг клупско европско натпреаврување Шкупи пред утрешниот дуел со азербеџанскиот Нефчи се аклиматизира во Баку. Чаирчани го одработи единствениот тренинг пред утрешната (18 ч.) средба со Нефчи на „Бакчел арената“. Во мечот без право на поравен бидејќи поради пандемијата со коронавирусот УЕФА одлучи да се играат овие елиминаторни рунди само по еден натпреавр, Нефчи ја има  фаворитската улога.

Со тоа се согласува и тренерот на чаирчани Мухарем Бајрами но потенцира дека Шкупи не е дојден само да го одигра натпреварот.

-Го анализиравме противникот, станува збор за искусен тим, кој игра агресивно, тие се фаворити, играат динамично, ние не дојдовме овде колку да одиграме, ќе дадеме се од себе, вакви средби се играат еднаш годишно, сакаме прогрес во следната рунда и верувам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи- порача на редвоната прес конференција Бајрами.

Треба да знаете
Последни објави