Search

Форумска сесија во Битола „Зајакнување на општински совети”

Општина Битола одржа четврта форумска сесија во рамки на програмата „Зајакнување на општински совети” што ја финансираат Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.

Тема на форумите е социјална инклузија во чии рамки е обезбеден грант во износ од 50.000 швајцарски франци, за граѓански проекти.

Предлозите за проектите непосредно ги креираат граѓаните и со гласање одлучија да се реализираат проектите „Урбана мобилност – возила прилагодени за лица со попречености” и „Инклузивни училници и игралишта во училишта и градинки”, информираат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Форумот на заедниците се новина во статутот на Општината Битола, посочуваат од тамошната локална самоуправа

Треба да знаете
Последни објави