Три лица загинаа во судир меѓу автобус и камион во Русија

Три лица загинаа, а петмина се повредени во судир на патнички автобус и камион во руската република Калмикија, соопштија надлежните.

Според Тасс, автобусот, во кој имало 45 лица, се движел од Махачкала кон Москва, а сите повредени се пренесени во болница. Никој од нив не е на интензивна нега.

Четворица од повредените имаат полесни повреди, додека едно лице има умерени повреди, соопшти регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации.

Треба да знаете
Последни објави