Search

Столтенберг: НАТО не треба да биде изговор за белоруските власти

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека секој обид на властите во Белорусија да ја користат Алијансата, како изговор за да се задушат протестите, е „погрешен и неоправдан”.

– Нема зголемување на трупите на НАТО во регионот, така што секој обид на режимот во Белорусија да го искористи НАТО како изговор за напад врз демонстрантите во нивната земја е апсолутно погрешен и апсолутно непотребен, рече Столтенберг.

Пред состанокот на министрите за одбрана на Европската унија во Берлин, Столтенберг повика на слободни и фер избори во Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави