Search

Србија доби нов државен празник

Србите добија нов празник наречен Ден на српското единство, слобода и национално знаме, што ќе се слави на ист ден во Србија и Република Српска на  15-ти септември. Ова го соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Донесовме одлука што ќе ја спроведеме. Исто така, се договоривме за датумот да им предложиме на другите наши тела, што би бил 15 септември, денот кога беше пробиен Солунскиот фронт“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција по состанокот на државниот врв со политичките претставници на Република Српска.

Како што рече, тоа би бил заеднички празник за РС, Србија и сите српски заедници ширум светот.

„Никој повеќе нема да може да го уништи единството на српскиот народ“, рече Вучиќ, додавајќи дека во претходните години се видело како треба да се стори тоа “, затоа што дури и кога не размислуваат исто од двете страни на Дрина, лош збор никогаш не можеше да се слушне, а камоли да забрануваат влез едни за други“.

Вучиќ рече дека е важно да се заштитат Србија и Република Српска од какви било ризици, закани и опасности.

“Имавме многу тешкотии и војни во минатото. Сега е време на мир, да размислуваме за иднината и затоа треба да разговараме со другите, да најдеме заеднички јазик. Но, оние кои мислат дека со закана од конфликти и војни можат да постигнат цели – тоа е многу опасно и се плашиме од вакви закани и се надевам дека никој нема да помисли да ги спроведе “, заклучи претседателот на Србија.

Треба да знаете
Последни објави