Search

Советот на Град Скопје го разгледува полугодишниот извештај за извршувањето на буџетот на градот за 2020 година

Советот на Град Скопје на денешната седница расправа за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година, за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година.

Во своето обраќање на градоначалникот Шилегов преку конференциска врска до членовите на Советот на Град Скопје, тој потенцираше дека и во услови на криза и вонредна состојба, Буџетот на Град Скопје успешно ја следи определената динамика за реализација на предвидените проекти  и остварување на поставените цели.

– Во нашето досегашно работење, посебно внимание вложивме во однос на начинот на менаџирање со буџетските средства со кои располага Градот, и сметам дека доброто управување со расположливите ресурси во голем дел зависи од транспарентноста при трошење на буџетските средства и отчетноста кои ги остваруваме со редовни анализи и финансиски извештаи. Во изминатиот период бевме максимално концентрирани како да излеземе во пресрет на економијата на локално ниво, преземајќи низа мерки за олеснување на давачките а притоа да на ја додведеме во прашање ликвидноста и целокупната финансиска кондиција на градот. Во исто време ниту еден капитален проект не беше доведен во прашање и се што беше планирано согласно определената динамика продолжи да се реализира со претходно поставеното темпо – кажа градоначалникот Шилегов, во неговото обраќање преку конференциска врска до членовите на Советот на Град Скопје.

Во првото полугодие од 2020 година, вкупните приходи и други приливи, се остварени во износ од 2,1 милијарди денари, што претставува остварување од 27,1% во однос на планираното.

Приходите остварени во првото полугодие од 2020 бележат намалување од 8,4% во споредба со истиот период од 2019 година, при што, намалувањето е во основниот буџет (19,1%) и во буџетот на самофинасирачки активности (39%), додека буџетот на дотации и донации бележат зголемено остварување во споредба со 2019 година.

Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за 2020 година, во првото полугодие се извршени во износ од 2,5 милијарди денари, што претставува извршување од  31,8%  од планираното за 2020 година.

Споредено со извршувањето на расходите во истиот период од 2019 година, извршените расходи за првото полугодие од 2020 година бележат зголемување од 15,9%. Зголемувањето е забележано кај сите буџети од кои е составен буџетот на Град Скопје, освен буџетот на самофинансирачки активности.

Треба да знаете
Последни објави