Search

Следува период на сончево и топло време

Времето утре ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен северен ветер, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде за време на викендот кога ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Треба да знаете
Последни објави