Search

Синди Крафорд и Ренди Гербер ја продаваат куќата во Беверли Хилс

Синди Крафорд и Ренди Гербер го објавија за продажба на пазарот на недвижности својот модерен дом од средниот век, лоциран во идиличниот кварт 90210 Trousdale Estates за нешто помалку од 16 милиони долари.

Пред три години, холивудскиот моќен пар го купи имотот од фронтменот на „Њу рипаблик“ Рајан Тедер за 11.625 милиони долари. Тие целосно ја реновираа куќата однадвор и ја проширија.

Синди и Ренди, кои претежно живеат во луксузната хациенда во Малибу, направија неколку козметички измени во ентериерот, особено во дворот, пренесува „Варајати“.

Дворот на куќата на супермоделот и ко-основачот на „Казамигос“ има импресивна површина на отворено, базен и колем камин, доста погодно за гости и интимни забави, коментира порталот.

Треба да знаете
Последни објави