Search

Семејствата на жртвите бараат најстрога казна за Брентон Тарант: Ми го уби синот, нема простување

Таткото на тригодишниот Мукаад Ибрахим, најмладата жртва од нападот на џамијата на Нов Зеланд, рекол дека Брентон Тарант го чека вистинска правда во идниот живот и дека ќе биде потешка од затвор.

„ Ми го уби синот, а за мене тоа е како да си го убил цел Нов Зеланд“ порача Аден Ибрахим Дирие во изјава која ја прочита член од семејството на рочиштето.

„ Знај дека те чека вистинска правда во следниот живот и дека таа ќе биде многу потешка. Никогаш нема да ти простам за тоа што го направи“ додаде тој.

На напаѓачот Брентон Тарант, 29-годишен Австралианец, оваа недела би требало да му биде изречена казна откако се изјасни за виновен за 51 точка од обвинението за убиство, 40 за обид за убиство и една за тероризам во нападот што го изврши во градот Крајстчрч минатата година, а кој го пренесеуваше во живо на Фејсбук.

Тарант, кој сам се застапува на судењето, нема да зборува пред изрекувањето на казната, соопштиле судските претставници.

Адвокат од судот само ќе прочита кратка изјава во негово име. Пресудата би можела да биде донесена утре.

На Нов Зеланд за убиство најкратка предвидена казна е десет години, а судот за дело како ова на Тарант може да одреди и доживотен затвор без можност за помилување. Таква казна никогаш досега не била изречена во оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави