Search

САД ја повикаа Москва итно да го испита случајот со Навални

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изрази во изјавата „екстремна загриженост“ на Вашингтон поради сомневање за труење на Навални изнесени од германските лекари откако тој бил пренесен од Русија во кома во Германија на лекување.

„Доколку се покаже како точно, Соединетите држави ќе го поддржат барањето на Европската унија за сеопфатна истрага и се подготвени да помогнат во таквата истрага“, додаде тој. „Семејството Навални и рускиот народ заслужуваат целосна и отворена истрага и казнување на сторителите“, рече тој, посакувајќи му на опозицискиот лидер „целосно закрепнување“.

Американската амбасада во Москва ги повика руските власти веднаш да го испитаат наводното труење на главниот опозиционер на Кремљ, Алексеј Навални, кој е во кома во болница во Германија, каде што беше префрлен од Русија.

„Тезата за труењето што е презентирано од германските лекари, создава потреба руските власти веднаш да спроведат истрага, целосна и транспарентна“, рече американскиот амбасадор Џон Саливан.

Во посета на Москва вчера беше американскиот дипломат б Стивен Биган, кој рече дека е „длабоко загрижен“ за здравјето на Навални и за влијанието на неговото наводно труење врз граѓанското општество во Русија.

Кремљ вчера оцени дека германските лекари набрзина констатирале оти Навални е отруен.

„Анализите на нашите доктори и анализите на Германците се целосно согласни. Но, заклучоците се различни. Ние не го разбираме брзањето на германските колеги”, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Навални, критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се онесвести во авион минатата недела, откако пиеше чај на пат за Сибир. Лекарите во сибирската болница кои први го лекуваа Навални изјавија дека му го спасиле животот, но дека не нашле траги на отров во неговото тело.Тие изјавија дека не биле под притисок од надлежните додека го лекувале.

Тој беше однесен во Германија на лекување во саботата, а тестирањата покажаа дека тој веројатно е отруен, објави клиниката во Берлин, каде беше префрлен на лекување.

Треба да знаете
Последни објави