Search

Русија развива комбинирана вакцина против грип и коронавирус

Руските научници почнаа со развој на вакцина која истовремено ќе штити и од грип и од коронавирус, соопшти генералниот дирекот на Националниот медицински истражувачки центар „Алмазов“, Евгениј Шлахто.

„Спутник“ пренесува дека на проектот работат неколку групи научници.

„Тоа ќе биде комбинирана вакцина. Ќе содржи компоненти кои ќе овозможат да се формира имунитет и на грип и на коронавирус“, рекол Шлахто за телевизија „Рен“.

Истакнал дека вакцината е во почетна фаза на развој, дека претстојат тестирања врз животни и цела низа клинички испитувања. Тој кажал дека веќе се забележани позитивни резултати.

Русија на 11 август прва во светот регистрира вакцина против коронавирус. Вакцината ја развија центарот „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Русија.

Треба да знаете
Последни објави