Search

Рекет 2: Ременски со снимки ќе докажува дека претресот во нејзиниот дом бил незаконски

Професорката и поранешна пратеничка, Фросина Ременски преку снимки од видео-надзорот во нејзиниот дом ќе го оспорува претресот кој беше извршен за време на истрагата за случајот „Меѓународен сојуз“.

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот познат како „Рекет 2“, во кој освен Ременски се обвинети Бојан Јовановски Боки 13 за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, како и Миле Јовановски.

Јавноста беше исклучена во дел од денешното рочиште во делот кога требаше да се прикаже претресот во домот на Ременски. Судот тоа го стори на нејзино барање со образложение дека на фотографиите се гледаат просториите на нејзниот дом, вкучително и спалната соба и оти на тој начин се прави заштита на приватноста.

Ременски потенцираше дека со споредба на материјалите од видео -надзорот кој бил поставен во домот и кој бил исклучен кога истражителите влегле, и на снимките кои ги направило обвинителството, ќе се види дека кај неа било упаднато незаконски, во момент кога сопствениците не биле дома.

-Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видео – материјалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом. Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот, изјави поранешната пратеничка.

Треба да знаете
Последни објави