Search

Рамиз Мерко позитивен на Ковид 19, хоспитализиран на инфективна

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдија од ДУИ за Плусинфо.

Мерко е позитивен на коронавирусот и засега, како што велат од партијата, тој се наоѓа во стабилна состојба.

Градоначалникот на Струга е еден од двајцата нови позитивни на коронавирусот од Струга, каде до вчера имаше 142 активни случаи.

Треба да знаете
Последни објави