Search

Останува забраната за организирање свадби, матурски и други свечености

Владата на денешната седница го потврди мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат  барањата за измени на Протоколот за работа на угостителските објекти. Тоа значи дека со цел се спречи ширењето на коронавирусот останува забраната за организирање свечености со музика односно свадби, матури, крштевки и слично во угостителските објекти.

Сојузот на стопански комори на Македонија вчера ја предупреди Владата ако итно не донесе протоколи за работа или мерки за економска помош на игротеките, приватните установи за едукација и грижа на деца, објектите за свадби, родендени и крштевки, ќе следуваат протести. Од сојузот алармираа дека повеќе од 1000 субјекти се пред пропаѓање.

Треба да знаете
Последни објави