Search

Општина Бутел: Смилевски во посета на ликовната колонија ,,Љубанци 2020“

Утре, (четврток), 27.08.2020 г. во рамките на десеттата ликовна колонија ,,Љубанци 2020,, ќе се одржи детскиот ликовен ден на кој ќе учествуваат дваесеттина талентирани ученици од седумте основни училишта во Општина Бутел.

Тие заедно ќе сликаат со дваесеттината ликовни уметници кои работат на своите уметнички дела од понеделникот, кога беше отворена десеттата, јубилејна, ликовна колонија ,,Љубанци 2020,,.

По овој повод ликовната колонија ќе ја посети градоначалникот Велимир Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави