Search

Марковиќ: Црна Гора подготвена да одговори на евентуални насилства на изборниот ден

Црногорскиот премиер и носител на изборната листа на владејачката Демократската партија на социјалистите (ДПС), Душко Марковиќ, изјави денеска дека безбедносните и другите државни институции на таа земја се подготвени да одговорат на какво било насилство на денот на изборите, кои се закажани за 30 август.

Марковиќ од Цетиње порача дека Црна Гора деновиве ја напаѓаат оние што не ја сакале во 2006 година, а чии предци, како што рече, ја поништиле 1918 година.

Тој, исто така, тврди дека во светот не е забележано да има свештеници во политички митинзи, како и дека законот и правниот поредок во Црна Гора се еднакви за сите, пренесува РТЦГ.

– Како и во 2006 година, кога секој глас беше важен за обновување на државноста, на 30 август, секој глас е важен за зачувување на нашата државност, за одбраната на Црна Гора, затоа што ќе биде нападната на 30 август. Деновиве е нападната од истите оние кои не не сакаа во 2006 година и чии предци ја поништија Црна Гора во 1918 година, рече Марковиќ на предизборен собир.

– Но, ве уверувам дека институциите се подготвени уште сега, дека безбедносните институции знаат што прават и на што се подготвени. И дека ќе им одговориме жестоко на 30 август. По пребројувањето на гласовите ќе констатираме убедлива победа на Црна Гора, не на нас индивидуално, а потоа во Црна Гора за нив никогаш повеќе нема да биде исто. Тие ќе треба да ја почитуваат доколку не ја сакаат, рече Марковиќ.

Тој додаде дека Српската православна црква и нејзините свештеници ќе се „вратат во манастирите и црквите” и дека тие повеќе нема да бидат во политички поворки.

Треба да знаете
Последни објави