Search

Констатирана оставката на Димитров од пратеничката функција, остануваат уште Шахпаска и Нуредини

Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева која доаѓа на местото на Мила Царовска.

Царовска претходно поднесе оставка на пратеничката функција бидејќи е предложена од страна на мандатарот Зоран Заев да го води ресорот образование.

Собранието ја констатираше и оставката на Никола Димитров, кој како и Царовска, треба да замине во извршната власт, односно да го заземе вицепремиерското место за евроинтеграции.

Веќе се констатирани оставките на мандатарот Заев, како и на Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски. Останува да се констатираат уште оставките на Јагода Шахпаска и Насер Нуредини.

Треба да знаете
Последни објави