Search

Кога Шилегов троши над еден милион евра за прскање против комарци, а ќе се случи наезда и касапана, тоа се вика расипништво за кое мора да се одговара

Капитулацијата на градоначалникот на Скопје пред комарците ја покажува сета неспособност на градоначалникот и администрацијата во водењето на градот. Градот Скопје само оваа година ќе потроши 67.291.140 денари за прскање против комарци, односно еден милион и сто илјади евра а ефектот е никаков и преставува целосна капитулација. Кога Шилегов троши над еден милион евра за прскање против комарци, а ќе се случи наезда, тоа се вика криминал и расипништво за кое мора да се одговара.

Шилегов потроши над еден милион евра за ефект кој е еднаков на нула. Членот 353 од Кривичниот законик е јасен ако сторителот на делото со неизвршување на своето овластување и должност предизвика поголема имотна штета или потешка повреда правата на друг, истото ќе биде казнето.

Оттука Шилегов и во најмала рака да имал најчесна намера еден милион евра ќе бидат потрошени, а ефектот е еднаков на нула за што мора да понесе одговорност.

Смешни и неиздржани се оправдувањата како само прскањето против комарци во Скопје престанува да има ефект, а во сите други главни градови има резултати. Исто така неболузни се и несериозни тврдењата на Шилегов за некакви вонредни армии на комарци кои го изненадиле градот поради врнежливото време. Прво чекаа да настане проблемот па реактивно да се делува. Тоа е израз на неспособност на Шилегов и градот во справување против комарците.

 

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави