Search

Клиперс го декласираа Далас, Мареј го одржува Денвер во живот

Лос Анџелес клиперс го совладаа Далас со убедливи 154:111 во петтиот дуел од првото коло од плеј-офот во НБА лигата. Тимот од Лос Анџелес го презеде водството во серија прв до четири победи со резултат 3-2.
Најефикасен во победничкиот тим беше Пол Џорџ со 35 поени, Лука Дончиќ се истакна кај Далас со 22 поени. Поразените настапија без првиот центар, Летонецот Кристапс Порзингис. Следниот натпревар ќе се одржи на 28 август.

Со пресврт, најмногу благодарение на одличната последна четвртина, Денвер ја спречи Јута да обезбеди пласман во полуфиналето на Западната конференција. Го доби натпреварот број пет од првото коло во серијата со 117-107, намали на 3-2 во победи  и си го продолжи престојот во разигрувањето.

Џамал Мареј повторно беше одличен кај Денвер, постигна 42 поени, беше клучен во периодот на пресвртот. Мареј од игра погодуваше 17/26, четири од осум за три поени и сите четири слободни фрлања, а имаше и по осум скокови и асистенции. Стана првиот играч во НБА кој на два натпревари во низа во плеј-офот успеал да постигне барем 40 поени без ниту една изгубена топка.

Никола Јокиќ имаше 31 поен. Кај Јута, Донован Мичел заврши со 30 поени.Шестиот натпревар е веќе утре, а победникот од оваа серија ќе игра полуфинале против подобриот од дуелот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Далас.

Треба да знаете
Последни објави