Search

Ким е жив и носи нови мерки против коронавирусот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг –ун побара да се преземат мерки за спречување на коронавирусот.

Тој исто така побара и навреме да се реагира за да се спречи штета на земјоделските култури која може да ја предизвика тајфунот Бави, пренесе државната агенција КЦНА.

Политбирото на Работничката партија се состана во проширен состав за време на пандемијата, која го зголеми притисокот врз севернокорејската економија, која беше сериозно погодена од неодамнешните затворања на границите и поплавите.

Властите се загрижени за тоа како да доставуваат храна и неопходни состојки во изолирани делови од земјата погодени од поројни дождови и поплави.

Северна Кореја не пријави потврдени случаи на инфекција со коронавирус, но Ким Џонг-ун во јули рече дека „може да се каже дека (вирусот) влегол“ во земјата и вовел строги ограничувања во градот Каесонг, откако маж покажал симптоми на Ковид -19.

После три недели, ограничувањата беа укинати.

Од друга страна, во претходните денови, светските агенции објавија дека лидерот на Северна Кореја е во тешка состојба и дека е во кома во болницата, и дека вистинската моќ во земјата ја презема неговата сестра.

Треба да знаете
Последни објави