Search

Иран дозволи пристап до две локации за инспекторите од МААЕ

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и иранските власти соопштија дека постигнале договор и дека Техеран се согласил да им обезбеди на инспекторите пристап до две локации, за кои се верува дека се поранешни складишта за нуклеарни материјали.

„Иран доброволно ќе и обезбеди на Меѓународната агенција за атомска енергија пристап до двете места што ги има определено”, велат директорот на агенцијата Рафаел Гроси и директорот на Организацијата за атомска енергија на Иран Али Акбар Салехи во заедничкото соопштение.

Во соопштението се наведува дека е договорен датумот на пристап до овие локации.

Треба да знаете
Последни објави