Израелците го затворија Железничар во карантин поради позитивни фудбалери на кронавирусот

Босанскиот фудбалски претставник во клупското натпреварување Лига Европа, Железничар од Сараево пристигна во Израел но неизвесно е дали утре ќе го одигра мечот со домаќинот Макаби Хаифа. Експедицијата на Железничар пред да тргне на пат за Израел остана без шестмина фудбалери затоа што имаа позитивни тестови на короанваирусот.

Но тоа не е единствената мака за босанскиот претставник во квалифиакциското коло од ЛЕ, бидејќи по пристигнувањето во Израел, сите од гостинскиот табор биле повторно тестирани од израелското здравство и било утврдено дека уште петмина се позитивни на коронавирусот. Поради тоа, фудбалерите на Железничар се наоѓата во карантин во хотел од каде не смељат да излезат.

Најавите се дека Железничар нема да може и да го одигра мечот кој најверојатно ќе го загуби со службен резултат. Од УЕФА нема официјална одлука дали утрешниот меч ќе се игра или не.

Треба да знаете
Последни објави