Search

Изборот на пет или помлаку потпретседатели на Собранието ќе лебди до самата седница

Седницата за изборот на петте потпретседателите на Собранието на Република Северна Македонија се уште не е закажана. Овој временски простор до изборната седница се користи од политичките партии да си упатуваат едни на други „отровни стрели“. Па така изборот на потпретседателите во законодавниот дом е доведен под знак прашање, барем до одржувањето на седницата. Дилемата дали на крајот ќе бидат избрани сите петмина или пак во редуциран број останува да лебди до собраниската седница.

Парламентраното мнозинство предводено од владеачката СДСМ го слушна гласот на критичарите и излезе со предлог на ваквите прозивки да намали бројот од 5 на 3. СДСМ според изјавата на лидерот на СДСМ и кандидат за мандатар Зоран Заев ќе се откаже од својот предлог за потпретседател на Собранието под услов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која критикува да го стори истото !?

Заев ја „фрли ракавицата“ ама предизвикот не го прифати опозицијата. Од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ стигнуваат различни тонови. Од тоа дека ВМРО ДПМНЕ треба да си предложи потпретседател, до тоа дека ќе размислува до смата изборна седница. Пратеничката Дафина Стојановска потврди дека за тоа ќе одлучуваат дополнително.

Опозицијата го критикува и начинот како се избрани новите пратеници и најавува тужба пред Управен суд, бидејќи според нив, мандатот на новите пратеници требало првично да се утврди од Комисијата за заразни болести, а потоа и од Комисијата за утврдување мандати.

За в сабота е закажана собраниска седница на која треба да се избира новата влада, за која опозиционерите имаат само критички осврт.

Треба да знаете
Последни објави