Search

Заев дава насоки на Луј Витон судството да ги спаси од очигледен криминал своите соработници во случајот со дијализерите

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

„Денес целата јавност виде како скандалозно Заев нарачува судски ослободителен епилог за еден очигледен криминал направен од неговата валст. Тоа покажува дека  Луј Витон правосудството на Заев продолжува да работи по насоките на Зоран Заев. Тој денес за случајот со дијализите, односно случајот рекет 2, дава насоки да се забошоти случајот во кој негови блиски соработници, ако не и самиот тој, се директно  фатени во милионски криминал.

Токму поврзано со овој случај во јавноста се појавија видео материјали во кои  поранешниот директор на ФЗОМ зема снопчиња пари и ги става во својата чанта. И наместо затвор истиот тој беше награден со апанажа. Во истиот случај со Дијамед длабоко се заглавени и министерот Филипче и омилениот криминалец на власта, Зоран Милевски кои изнудувале пари од оваа фирма.

Сега Заев без срам јавно дава насоки на правосудните органи како да го водат случајот, и како да ги амнестираат неговите соработници од криминалот во кој се фатени на дело. Ова само покажува дека со заев нема да има ниту правда, ниту правна држава. Аболицираниот криминалец се обидува да ги ослободи од одговорност и неговите соработници криминалци. На ова се сведуваат неговите судски реформи во кои амнестија ќе добиваат криминалците од екипата на Заев, а политички прогон ќе има за сите политички неистомисленици. Со Заев нема да има ниту проверка на потекло на имот на функционери од неговата власт, затоа што ако тоа се спроведе милионски евра имот ќе се утврди дека е стекнат со организиран криминал и корупција.

Ова само покажува дека македонија со Заев ќе тоне во криминал и корупција. Ќе стане темен вилает во кој народот ќе осиромашува, а кертелот на Заев ќе се богати.

Треба да знаете
Последни објави