Search

Задолжителен ПЦР тест за државјаните на Косово кои транзитираат низ земјата

На денешната седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Северна Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за август 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 01.09.2020 година за да се обезбеди достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец август преку банкомати и во трговските мрежи од 02.09.2020 година.

Треба да знаете
Последни објави