Search

Еврокомесарот за трговија си поднесе оставка поради изигрување на мерките во борбата со коронавирусот

Комесарот за трговија на ЕУ, Фил Хоган, поднесе оставка поради политичкиот скандал кој се случи околу неговата посета на вечера за голф со што ги прекрши ограничувањата за коронавирусот во Ирска. Хоган, како што јавуваат медиумите, ќе ја објави својата оставка на ирскиот радиодифузер РТЕ.

Негова одлука да се повлече од една од најмоќните работни места во Брисел претставува голем удар за Европската комисија затоа што Ирецот се сметаше за искусен политичар, со сериозна моќ за преговори. Хоган (60), кој е комесар во два мандати, првично избегна да се извини и остана на својата работа неколку дена откако минатиот четврток се појавија вести за настанот на друштвото за голф во ирските весници.

Неговата позиција стана сѐ понеизвесна по големото јавно негодување во Ирска дека високи политичари и судии ги кршеле правилата за однесување во врме на пандемија со коронавирусот додека од граѓаните бараат истите да ги почитуваат.

Треба да знаете
Последни објави