Search

Директорот на црногорската полиција: Поединци и групи планираат немири на денот на изборите

Директорот на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, тврди дека полицијата располага со оперативни податоци дека поединци и групи планираат да предизвикаат инциденти и немири на денот на парламентарните избори, што ќе се одржат на 30 август.

„Нашите сознанија укажуваат дека овие лица преку социјалните мрежи и другите канали се залагаат за време на гласањето и по затворањето на избирачките места, граѓаните да излезат на улиците, да предизвикаат немири и да го нарушат јавниот ред“, се вели во соопштението на Вељовиќ.

Директорот на црногорската полиција порача дека полицијата во сите градови ќе постапи одлучно и одговорно, објави „Вијести“.

„Оние кои се обидуваат да покажат деструктивно и екстремно однесување, да предизвикаат граѓанска нестабилност и да ги прекршат законските регулативи, ќе бидат спречени и ќе сносат одговорност“. Ги повикувам сите граѓани да ја споделат одговорноста и да ги зачуваат граѓанските и цивилизациските вредности на социјалната заедница како заедничко добро и интерес на секоја личност и семејство “, рече Вељовиќ.

Треба да знаете
Последни објави