Search

Грција ги проширува територијалните води во Јонското Море

Грција има намера да го искористи своето право за проширување на територијалните води долж западниот брег на Јонското Море од шест на 12 наутички милји, најави премиерот.

Киријакос Мицотакис им го кажа тоа на пратениците во парламентот кои треба да го одобрат договорот за поморските граници меѓу Грција и Италија и посебниот договор со Египет.

„Со законот што ќе биде доставен до парламентот за усвојување, Грција ќе ги прошири своите западни територијални води од шест на 12 наутички милји“, рече Мицотакис.

Планираното проширување на територијалните води во Јонското Море нема директно да влијае на грчко-турскиот спор за правата на водите во источниот Медитеран, според АП.

Мицотакис истакна дека Грција ја напушта повеќедецениската „пасивна“ надворешна политика.

Треба да знаете
Последни објави