Вработените на „Баргала“ бараат плата, фирмата ги тужи за кршење на ред и дисциплина

Фотографии со мирен протест на вработените пред капијата на „Баргала“ осамна утрово на социјалните мрежи. Под фотографијата стои статус дека ова се случува секој месец.

Доцнење на плата, изживување со трудот на работниците, исплата на плата кога ќе има пари, но под минималец. Вработените пишуваат дека иако одат редовно на работа секогаш кога ќе побараат плата надвор од работните места им следуваат откази или пријави од работодавачот за кршење на ред и дисциплина.

-Баргала денес. Ова се случува секој месец. Каснење на плата , исплата под минималец. Ова е изживување со трудот на работниците, со нивните судбини. Овие луѓе редовно одеа на работа, добиваа плата под 70 %, а тие луѓе имаат неплатени сметки и кредити. Ова е срамно за раководството на Баргала! Нечовечки!
Уште им се делат и откази поради кршење на ред и дисциплина. Настрана што добија и државна помош!

Овие 3 години понудена е правна помош и над 200 вработени водат судски постапки против работодавачот.
Воедно ќе ги известиме сите служби, Сојузот на синдикати на Македонија каде овие вработени се членови и да му порачаме на раководството дека нема да остане вака!- стои во статисот на дел од вработените.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави