Search

Во Црна Гора евидентирани 55 нови случаи на коронавирус

Во Црна Гора, во последните 24 часа, се регистрирани 55 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало.

Институтот за јавно здравје соопшти дека се тестирани 562 лица.

Од таму соопштија дека починал пациент од Никшиќ, роден во 1941 година.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирус од почетокот на јуни е 79, а од почетокот на годината 89.

Вкупниот број на активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментов е 853.

Треба да знаете
Последни објави