Search

Во Турција почна нова антитерористичка операција

Нова антитерористичка операција е започната во турската југоисточна област Дијарбакир, објави денеска турското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Анадолија“.

„Операцијата „Јилдирим-7“ е насочена кон целосно елиминирање на сепаратистичката група ПКК и неутрализирање на сите терористи што се имаат засолнето во регионот“, се вели во соопштението на Министерството.

Во операцијата се вклучени најмалку 1.495 припадници на безбедносните сили, меѓу кои силите за специјални операции на жандармеријата, полицијата и локалните чувари на безбедноста.

Операцијата е најновиот обид на Турција за неутрализирање на ПКК во регионот по почетокот на операцијата „Јилдирим-6“ на 19 август.

Министерството соопшти дека во операциите „Јилдирим“ неутрализирани се најмалку 31 терорист, уништени се 48 пештери, засолништа и магацини, а запленети се и големи количини оружје, муниција и други ресурси.

Во соопштението се додава дека операциите против терористите продолжуваат без запирање и со поддршка на турската јавност.

Во својата над 30-годишна кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД)и Европската Унија, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени.

Треба да знаете
Последни објави