Search

Во Пијанечко-малешевскиот регион пораст на бројот на заболени од Ковид-19

Делчево, Берово, Пехчево и М.Каменица се четирите градови од крајниот Исток каде денес е регистриран пораст на активните случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заболени во Пијанечко-малешевскиот регион сега изнесува 85 активни случаи.
Во однос на новите случаи денес предничи Берово со пет нови заразени, пред Делчево и М.Каменица каде има по три нови случаи, додека најмала е бројката на заболени е во Пехчево каде има два нови случаи.

Од делчевскиот здравствен дом информираа дека два од денешните случаи се асимптоматски, додека едно лице е упатено на болничко лекување.
-Ова значи дека имаме зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти за неполн месец од кои за среќа повеќето се во добра состојба. Во однос на асимптопатските случаи повторно имаме релативно млади лица, што значи дека продолжува трендот вирусот да се јавува кај помлади пациенти, истакнаа од Здравствен дом.
Додадоа дека тестирањата на контактите со заразените од претходните денови продолжуваат, поради што се очекуваат резултати во деновите кои следат.
Во однос на заболените во Берово според информациите на здравствените надлежни, три од новите случаи се од семеен кластер, додека меѓу заболените има и помлади лица. Оттаму апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот, особено за време на претстојните празнувања во градот.
Треба да знаете
Последни објави