Search

Во ноември може да нè погоди втор бран на коронавирус, вели советник на француската Влада

Втор бран на коронавирус може да ја погоди Франција во ноември, изјави владин советник за локалните медиуми, откако Марсеј ги заостри мерките за борба против инфекцијата.

„Постојат стравувања од втор бран во ноември“, изјави професорот Жан Франсоа Делфраис, кој раководи со научниот совет што ја советува владата по прашањата за пандемијата.

Властите во Марсеј доцна во вторникот соопштија дека баровите и рестораните ќе имаат пократко работно времe, а исто така го продолжија задолжителното носење маски во пристанишниот град на југот од 26 август до 30 септември.

Според новите мерки, баровите и рестораните во Марсеј ќе треба да бидат затворени помеѓу 11 навечер и 6 часот наутро, додека претходно нормалното време на затворање беше на полноќ или 1 часот.

Носењето маски отсега ќе биде задолжително на отворени јавни места во сите делови на градот, додека претходно тоа беше задолжително само во некои области.

Франција ја има седмата највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот, а владата внимателно ги следи бројките за да види дали се потребни нови мерки или карантин.

Треба да знаете
Последни објави