Search

Во Барселона немаат дилема дека Меси треба да остане на „Камп Ноу“

Во редовите на шпанскиот фудбалски гигант Барселона не постои дилема кога станува збор за иднината на Лионел Меси. Сакаат Аргентинецот, еден од најдобрите фудбалери на денешницата да остане на „Камп Ноу“, каде ја почна и градеше целата своја кариера во изминативе 20 години.

Веста дека Меси побарал заминување од клубот ја вознемири фудбалска јавност, а посебно симпатизерите на тимот од „Камп Ноу“. Веднаш се појавија многу опции каде ќе замине мјасторот со топката. „ЕСПН“ јавува дека англискиот премиерлигаш Манчестер сити предводен од поранешниот тренер на меси, шпанскиот стратег Пеп Гвардиола му нуди договор на пет години. Од кои три би ги минал во Манчестер, а две во Њујорк Сити.

Сепак, техничкиот секретар на Барселона, Рамон Планес изрази надеж и уверување дека Меси ќе остане во клубот со кого осови бројни тимски и поединечни трофеи.

-Ова е навистина важна приказна, но нашата идеја во клубот е да изградиме нов победнички циклус околу најдобриот играч на светот. Не размислуваме за било какво заминување, бидејќи она што го сакаме е Меси да остане, изјави Планес.

Тешко е да се прекине односот кој трае цели две децении.

-Имаме исклучителна почит кон Лео Меси. Односот на Барселона и Лео е како брак, во кој двете страни си дадоа многу една на друга и донесоа многу радости за навивачите. Мислам дека иднината е позитивна. Оптимист сум. Потребни ни се играчи како Лео Меси, како и играчи за иднината на тимот. Ги вложуваме сите напори за врската меѓу Барса и Меси да продолжи. Интерно работиме на тоа да го увериме Лео.

Се споменуваше и тоа дека Аргентинецот нема да се појави на собирот на екипата за новата сезона.

-Меси не ни кажа дека не сака да се јавува на должност. Но, секоја комуникација која може да се случи меѓу двете страни останува во клубот. Нема да даваме никакви изјави за ситуацијата од почит кои Меси и клубот ги заслужуваат, порача Планес.

Треба да знаете
Последни објави