Search

Владиката Агатангел повика на протест против омаловажувањето на македонскиот идентитет и достоинство

Европа за Македонците не треба да биде срам и понижување, туку таму треба да влеземе со кренати глави, е пораката на владиката Агатангел, кој повикува на одржување на семакедонски собир против, како што вели, омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.

„Сите што ја љубите оваа света македонска земја не дозволувајте да ги изневериме нашите прадедовци, кои ги положија животите ние слободно да живееме во едно демократско општество. Сите се трудиме да одиме кон Европа, но Европа за нас не треба да биде срам и понижување. Европа треба да биде гордост и така сакаме со крената глава да влеземе, а не со промена на нашето свето македонско име, непочитување на нашиот македонски идентитет и јазик. Не изневерија оние на кои им ја дадовме довербата, вели владиката, дополнувајќи дека во Македонија се рушат овие столбови на државноста.

Митрополитот повардарски Агатангел ја прифати поканата од, како што вели, разочарани луѓе, и повика за масовно учество на „семакедонскиот собор“ в недела од 17 часот пред Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави