Search

(Видео) Поранешната сопруга на Елтон Џон: Се обидов да се убијам на нашиот меден месец

Поранешната сопруга на Елтон Џон, Ренате Блауел, се обидела да се самоубие на нивниот меден месец во 1984 година, според документите доставени до Високиот суд во Лондон, пренесува „ВВС“.

Блауел вели дека се предозирала со Валиум, откако нејзиниот сопруг и рекол „бракот не функционира и дека сака да си замине“ на третиот ден од нивниот престој во Ст. Тропе.

Тврдењето беше дел од нејзината тужба против пејачот, поднесена претходно оваа година, во износ од 3 милиони фунти како отштета од Елтон Џон, наводно, поради кршење на условите на нивниот договор за развод, откако го спомнал нивниот брак во неговата автобиографија во 2019 година и филмот „Rocketman“.

Таа вели дека тоа ги влошило нејзините долгогодишни проблеми со менталното здравје, бидејќи се нашла во медиумите и во центарот на вниманието на јавноста и, наводно, потрошила илјадници фунти на терапија…

Преземено од Плусинфо

Треба да знаете
Последни објави