Search

(Видео) Навивачите на Барселона со барање за оставка на претседателот Бартомеу влегле на „Камп Ноу“

Вечерва е тензично пред стадионот „камп Ноу“ на шпанскиот фудбалски гигант Барселона кој поминува низ тежок период. Шпанските медиуми јавуваат дека група навивачи кои е собрале околу стадионот на Барселона за да демонстрираат против управата на клубот и да побараат оставка од претседателот Хосеп Марија Бартомеу, се обидела да влезе во клупските просториите.

Скандирањата и свирежите се зголемиле до тој степен што една група од незадоволните навивачи успеале да го пробијат обезбедувањето и да влезат на стадионот, а потоа и да се упатат кон клупските простории.

 

https://twitter.com/i/status/1298693320001171459

Треба да знаете
Последни објави