Search

(Видео) Кинески дипломат: Австралија ја навреди Кина со барањето истрага за коронавирусот

Австралиската влада денеска беше обвинета за повреда на чувствата на Кина откако го предводеше глобалниот притисок за независна истрага околу изворот на пандемијата на коронавирус, пренесува „Ес-би-ес њуз“. Тоа го посочи еден од највисоките кинески дипломати во Австралија, категорично одбивајќи да потврди дека Ковид-19 потекнува од Вухан.

Ванг Сјининг, заменик шеф на мисијата во Кинеската амбасада во Австралија, во ретко обраќање во Националниот прес-клуб во Канбера рече дека фокусот на Австралија врз утврдувањето на потеклото на коронавирусот ги оштетил меѓународните односи и го повредил населението на Кина.

„Тоа ги повредува чувствата на кинескиот народ … Одеднаш, тие ја слушнаа оваа шокантна вест за предлогот од Австралија, за која се верува дека е добар пријател на Кина“, рече Ванг.

Австралија беше една од првите земји што го притисна Светското собрание за здравство, управното тело на СЗО, за сеопфатна, независна и непристрасна истрага за изворот на пандемијата на коронавирус.

Иако други земји застанаа зад повикот, се чини дека Кина не ѝ простила на Канбера што го искажа своето мислење и го предизвика Пекинг на дипломатската сцена. Ванг призна дека Кина е навредена, и посочи дека верува оти притисокот од Австралија бил неправеден зашто се засновал на претпоставката дека Вухан е извор на вирусот.

„Веруваме дека овој предлог беше насочен само против Кина затоа што во тоа време австралиските министри тврдеа дека вирусот потекнува од Вухан, од Кина и не укажаа на други места како можен извор. Сметаме дека тоа не е фер“, рече тој.

Австралијците беа и меѓу најгласните критичари на опасното одбивање на Кина да ги затвори пазарите за коишто се смета дека се основа за вирусот.

Ова не е првпат Кина да навести трговски контрамерки против Австралија. Во април имаше предупредувања и од амбасадорот на Кина во Австралија, Јингје Ченг, дека Австралија ќе плати економска цена поради својот повик за истрага, потег опишан од еден австралиски министер како „закани за економска изнуда“.

Треба да знаете
Последни објави