(Видео) Адеми со Динамо го преживеа пенал-рулетот во Клуж

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми со повеќекратниот хрватски првак  Динамо Загреб се пласираа во третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, откако вечерва беа подобри изведувачи на ударите од белата точка на гостувањето кај романскиот првак Клуж (5:6).

Натпреварот во регуларните 90 минути заврши 2-2, а немаше голови во продолженијата, па пенал-рулетот го одлучуваше патникот во третата квалифиакциска рунда каде тимот од Максимир беше поефикасен 6-5. Прецизен изведувач беше и Адеми.

https://youtu.be/TrA-iwRgyO0

Динамо поведе со 0-1, а во 51 минута Кевин Теофил-Катрин направи пенал и доби црвен картон. Домаќините не го реализираа, но затоа израмнија од игра во 64 минута преку Переира. Хрватскиот првак и вторпат поведе (1-2) со голот на Лирим Кастрати, кој ја смести топката во домашната мрежа откако Адеми шутираше од далечина, а голманот ја одби топката. Романците го израмнија резултатот во 92 минута преку хрватскиот интернационалец Габриел Дебелјух.

Сараево за кој игра македонскиот повремен репрезентативец Крсте Велкоски испадна од Динамо Брест, кој продолжува со одличните настапи. Тимот од Белорусија во претходната рунда ја декласираше Астана со 6-3, а денеска славеше и против претставникот од Босна и Херцеговина со 2-1. Велкоски не доби шанса за настап на овој натпревар.

Големо изненадување е елиминацијата на шкотскиот гигант Селтик, кој на домашен терен загуби од унгарскиот тим Ференцварош со 2-1.

https://youtu.be/fbS18EfhakI

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЛШ 

АЗ АЛКМАР – ПЛЗЕЊ 1-1 (3-1 во продолженија)
ЦЕЛЈЕ – МОЛДЕ 1-2
КАРАБАХ – ШЕРИФ 2-1
СУДУВА – МАКАБИ Т.А. 0-3
ЛОКОМОТИВА – РАПИД 0-1
ЛУДОГОРЕЦ – МИТЈИЛАНД 0-1
ДИНАМО БРЕСТ – САРАЈЕВО 2-1
ЈАНГ БОЈС – КЛАКСВИК 3-1
СЕЛТИК – ФЕРЕНЦВАРОШ 1-2
КЛУЖ – ДИНАМО ЗАГРЕБ 2-2 (5-6 на пенали)
ЛЕГИЈА – ОМОНИЈА 0-0 (0-2 во продолженија)

Треба да знаете
Последни објави