Search

(Видео)Милвоки во знак на револт поради полициската бруталност и расната нееднаквост не излезе да го игра мечот со Орландо

Кошаркарите на Милвоки Бакс го бојкотираа петтиот натпревар во НБА плеј-офот против Орландо Меџик. Екипата на Милвоки ова го направи, сметајќи дека нивната порака поврзана со борбата против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД, која доста гласно ја испратија, не е доволно слушната од нивна страна.

Ова доаѓа после новите случаи на полициската бруталност кон Афро-американците и новите докази за расизам, вонредната состојба во Висконсин поради застреланиот Џејкоб Блејк.

https://twitter.com/i/status/1298713497832787969

Бакси во соблекувалната се договорија да го бојкотираат мечот, додека нивниот противник излезе на терен и тргна со загревање. Прво на никој не му беше јасно зошто не е започнат натпреварот од 22.00 часот, а потоа се објавија информации дека мечот нема да се игра. Исто така и играчите на Орландо го напуштија теренот и се вратија во соблекувалната.

Претходно за бојкот разговараа и кошаркарите на Торонто и Бостон кои можеби ќе одбијат да го играат првиот дуел од втората рунда во плеј-офот на Истокот, кој се игра во ноќта помеѓу четврток и петок.

Бакси моментно водат со 3:1 во серијата, а не е познато како ќе реагира НБА лигата, дали ќе се одложи мечот, ќе се почека да се слушнат пораките на Милвоки или ќе биде службена победа за Орландо.

Треба да знаете
Последни објави