Вака изгледа гардероберот на Лила Филиповска за квизот „Се или нешто“

Припадничките на понежниот пол особено се радуваат на нови парчиња облека, обувки, накит, а кога целото тоа женско богатство е средено во еден совршен плакар, тогаш задоволството е уште поголемо.

Кога сте јавна личност, неизбежно е  вашиот гардеробер да е преполн со разни модни парчиња облека, некои кои одговараат за на сцената и пред камерите, а други пак за оној живот кога ќе се исклучат рефлекторите.

Македонската водителка Лила Филиповска и пред и зад објективот камерите секогаш изгледа средно, модерно и со стил, па речиси никогаш или барем ретко сме ја виделе во иста модна комбинација.

Неодамна Филиповска се пофали со својот моден рај во нејзиниот дом, па на своите следбеници им покажа како изгледа нејзиниот плакар со разни модни комбинации…

Овој пат, Лила во кусите приказни на Инстаграм сподели како што самата истакна нејзиниот „друг живот“ односно го покажа плакарот преполн со високи потпетици, како и неколку модни комбинации кои се наменети за снимањата односно го покажа гардероберот за квизот „Се или нешто“.

Преземено од Вистина.мк
Треба да знаете
Последни објави