Search

Битиќи: Ги отворам вратите за сите професионалци активно да се вклучат во развојот на нашата земја

Фатмир Битиќи се огласи со свој коментар откако од СДСМ беше предложен за нов вицепремиер за економски прашања и порача дека во неговиот кабинет ќе им ги отвори вратите на сите професионалци кои сакаат да работат со него.

Денес предлогот за новата Влада е официјално предаден на Собранието. Голема благодарност до мандатарот г-дин Зоран Заев за довербата за мојот предлог за вицепремиерот за економски прашања во Владата.

Им благодарам и на членовите на Централниот одбор на СДСМ, на сите членови, соработници и пријатели за нивната поддршка.

Ова е голема чест за мене, но пред се ГОЛЕМО ОДГОВОРНОСТ да бидам на функција на сите граѓани на Република Северна Македонија и можам јавно да ветам дека ќе го ставам во функција целиот мој интегритет, знаење и искуство за да ги постигнам нашите заеднички цели. Во таа насока најавувам отворени врати за сите професионалци, пријатели и добронамерници активно да се вклучат во развојот на нашата земја и сите заедно да направат чекори што ќе го трасираат патот за значаен економски напредок на нашата татковина!“, напиша Битиќи на Фејсбук.

https://www.facebook.com/fatmir.bytyqi.90/posts/10158798012493851

Треба да знаете
Последни објави