Search

Атлетико сака да го добие Лаказет, клубот е подготвен за него да понуди паричен надоместок и еден играч

Шпанскиот Атлетико Мадрид  продолжува со обидите да го доведе во своите редови напаѓачот на англискит фудбалски премиерлигаш Арсенал, Александре Лаказет, пренесува „Марка”.

Раководството на мадридскиот тим за 29-годишниот напаѓач е подготвено да плати одредена сум плус и еден играч од следниве тројца: Том Лемар, Анхел Кореа или Витоло.

Во зимскиот преоден рок, Арсенал ја одби понудата на Атлетико за Французинот.

Минатата сезона во Премиер лигата Лаказет одигра 30 натпревари на кои постигна 10 гола и оствари шест асистенции.

Треба да знаете
Последни објави