Search

Алушовски ќе смета на Дисингер и Јотиќ за дуелот со Нексе

Новакот Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер сепак ќе му бидат на располагање на тренерот Стевче Алушовски за саботниот натпревар на македонскиот, регионалниот и европскиот маши ракометен првак вардар кој ќе го одигра со хрватскиот Нексе во Скопје. Ова е реванш натпреавр од четвртфиналето во регионалната СЕХА-лига во која Вардар влегува со гол предност по првиот меч одигран уште во март во нашице (30:31). Победникот патува на завршниот Ф4 турнир во Задар каде пласман обезбедија ППД Загреб, Брест Мешков и Веспрем.

Ова се добри вести за “црвено-црните“ кои во меѓувреме останаа без капитенот Стојанче Стоилов поради позитивниот тест на коронавирусот.

Јотиќ имаше болки во рамото, а Дисингер повреда на коленото по турнирот во Струга.

Средбата Вардар и Нексе без присуство на гледачи ќе одиграат во СЦ „Јане Сандански“ в сабота со почеток во 20:15 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави