Search

Славјанка Петровска на местото на Оливер Спасовски, констатирана оставката и на Царовска

Славјанка Петреска е новата пратеничка која доаѓа на местото на Оливер Спасовски кој претходно поднесе оставка од пратеничката функција поради тоа што е предложен за министер за внатрешни работи. Мандатот на Петреска беше верификуван вечерва во Собранието.

Собранието продолжува со работа со констатирање на оставките и на останатите пратеници кои треба да бидат дел од извршната власт. Констатирана е оставката на Мила Царовска, а претходно беа констатирани оставките и на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Љупчо Николовски.

Останува да бидат констатирани оставките уште на Никола Димитров, Јагода Шахпаска и Насер Нуредини.

Собраниските седници се одржуваат без присуство на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Треба да знаете
Последни објави