Search

Чеферин сака да ја задржи шемата „Фајнал 8″ во евро-куповите

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изрази мислење дека шемата за плејоф во евро-куповите за еден натпревар изгледа ветувачка и организацијата треба да размислува за воведување на ваков систем следните сезони.

Оваа сезона, поради пандемијата на коронавирус, натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа од четвртфиналето се играа по систем „Фајнал 8″, односно по еден натпревар на неутрален терен, во Португалија и Германија.

– Можам да кажам дека шемата со еден меч ми се чини поинтересна од системот со два натпревари. Ова е една од интересните работи што ни ја донесе пандемијата. Моравме да се свртиме кон овој систем. Ова е неопходна мерка, но како резултат, изгледа многу интересно.

Сега е тешко да се вклопи во календарот. Но, видовме дека публиката сака да има одличен натпревар, а во пресметка со еден дуел секој може да победи секого во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Ова е нешто што треба да се разгледа во иднина. Мислам дека сериозно ќе разговараме за тоа во септември-октомври, истакна Чеферин.

Тој е убеден дека и покрај намалениот бројот на натпревари, придобивките од нив можат да бидат поголеми со правилен пристап.

– Многу од моите пријатели од фудбалот ми се јавуваат и пишуваат, восхитувајќи се на системот, потенцира првиот човек на Европската фудбалска асоцијација.

Треба да знаете
Последни објави