Search

Куман ќе го убедува Кутињо да продолжи во Барселона

Доаѓањето на нов тренер како Роналд Коман и револуцијата која тоја сака да ја спроведе во Барселона, може да му обезбеди место на Филипе Кутињо во новата Барса.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барса ова лето сигурно нема да најде купувач за Бразилецот кој ќе плати повеќе од 50 милиони евра, а тоа е премалку за неговата слобода, бидејќи во него беа инвестирани трипати повеќе пари при трансфрерот од Ливерпул.

Затоа Роналд Коман би можел да размисли да го запознае поранешниот играч на Ливерпул со неговиот проект и да му даде важна улога. Куман смета дека Кутињо има доволно квалитет за да биде во првиот состав на каталонците следната сезона и ќе биде посебен предизвик да го натера да се вклопи во младиот тим кој треба да биде столб на новата Барселона.

Рики Пуиг, Пјаниќ, Де Јонг, заедно со Кутињо, можат да бидат новата моторна сила на Каталонците.

Треба да знаете
Последни објави