Search

(Видео) Вињалес пак спасуваше жива глава, моторот му остана без сопирачки

Мигел Оливеира победи на втората трка во Австрија откако ја искористи борбата помеѓу Пол Еспаргаро и Џек Милер во последниот свиок од последниот круг, но претходно се случуваше вистинска драма.

Маверик Вињалес беше приморан да скокне од својот мотор иако возеше преку 200 км/ч.

На приодот кон свиокот број 1, откажаа сопирачките на неговата Јамаха, па за да се спаси од сигурна смрт, тој мораше да скокне и да се лизга по асфалтот, додека неговиот мотор силно се заби во заштитната ограда и се запали.

Вињалес беше индиректен учесник во инцидентот и иминатата недела на трката во Австрија, кога по страшниот судир на Жоан Зарко и Франко Морбидели, нивните моторцикли летнаа над главите на Вињалес и неговиот клупски колега Валентино Роси и за влакно избегнаа трагедија.

https://streamable.com/83xcpj

https://twitter.com/Feryatna24/status/1297511386008793089?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1297511386008793089%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2F%3Fp%3D112273

Треба да знаете
Последни објави