Search

Предводникот на Торонто прогласен за најдобар тренер во НБА 

Предводникот на Торонто репторс, Ник Нурс е прогласен за тренер на годината во НБА за сезоната 2019/20.

Клубот од Каната предводен од Нерс заврши на второто место во лигата со 53 победи на 72 натпревари и клупски рекорд со 73,6 проценти успешност.

По продолжувањето на регуларната сезона прекината поради пандемијата на коронавирус во март, Репторс победија седум од осум одиграни натпревари.

Во плејофот Торонто води против Бруклин со 3:0 и е на една победа од пласман во конференциското полуфинале.

Треба да знаете
Последни објави