Search

Познат поранешен НБА кошаркар тепал жена на бензинска

На прославениот НБА кошаркар Џералд Вилкинс му се закануваат дури три пријави. Легендарниот НБА ас, наводно во раните утрински часови, удрил жена и маж на бензинска пумпа во Атланта, поради што е приведен.

Вилкинс на полицајците им рекол дека влеголво конфликт со жената – возач на автомобилоткоја што одбила да му дозволи на кошаркарот да влезе во својот автомобил поради што неправилно направил нарачка по пат на апликацијата.

Од друга страна, жената тврди дека поранешниот кошаркар толку се изнервирал што ја удрил и тогаш се појавиле двајцата сведоци – мажи, за да спречат да ја претепа.

Еден од сведоците тврди дека Вилкинс ја удрил жената по лице во текот на караницата. Третиот сведок, кој што во тој момент ставал гориво во својот автомобил, ја потврдил приказната на жената.

Поранешната НБА ѕвезда нагласила дека повикал полиција и дека е жртва од целата ситуација, изјавил дека е нападнат, меѓутоа полицијата не верувала во неговата приказна, па на крајот го уапсиле.

Џералд, помладиот брат на легендарниот кошаркар Доминик Вилкинс од крајот на мај до јуни за десет дена бил три пати приведуван за различни инциденти.

Треба да знаете
Последни објави